Директорката на Државен испитен центар Елизабета Наумовска денеска ќе ги соопшти резултатите од екстерните испити од државната матура јуни 2021 година.
Оваа учебна година за државната матура се имаа пријавено 15 294 матуранти. Од нив 7 050 од гимназиско образование, 7 983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование, информираа од Државниот испитен центар.