Тинејџер од Мичиген почина во сон откако ја прими втората доза Фајзер

Од:

Американскиот центар за контрола и превенција на болести отвори истрага за тинејџер кој почина во Мичиген по примањето на втората доза од вакцината Фајзер, за да утврди дали смртта на момчето е директно поврзана со вакцината.

„Американскиот центар за контрола и превенција на болести е информиран за момчето во Мичиген, кое почина откако прими вакцина против коронавирусот. Овој случај во моментов е под истрага и сè додека истрагата не заврши, избрзано би било да се каже која е причината за смртта“, рече Марта Шаран, лице за односи со јавност на Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

Починатиот Џејкоб Клиник ја примил втора доза од вакцината Фајзер на 13 јуни и починал во сон три дена подоцна, објави „Детроид њуз“.

Според изјавите на блиски членови на неговто семејство, Џејкоб, бил здрав и немал никакви хронични болести. Исто така роднините дека тој два дена чувствувал замор и имал треска, кои се најчестите симптоми по вакцинирањето.

„На 15 јуни, Џејкоб имаше мала болка во стомакот, но не доволно за да предизвика сериозни проблеми“, велат неговиот блиски.

Претходно, федералните власти го кренаа степенот на претпазливост поради несакани ефекти како болка во градите и срцево воспаление, кои се јавувале најчесто кај тинејџери откако ја примиле втората доза од вакцината.

„Има 323 потврдени извештаи за воспаление кај лица помлади од 30 години, а голем дел од нив се опоравиле од симптомите. Тој ризик ми се чини е многу помал од ризикот од Ковид “, вели Брајан Феинголд, специјалист за срце на Универзитетот во Питсбург.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија