Скопје, Тетово, Куманово и Охрид се четирите града во земјава во кои уште има двоцифрен број активни случаи на Ковид-19. Главниот град во кој подолг период имаше и над илјади активни случаи, сега е со 65 заболени. Во Тетово има 17, во Охрид 11, а во Куманово 10 случаи.
Во сите останати градови каде што уште има заболени, бројката е едноцифрена. Во 17 града во земјава во моментов нема ниту еден активен случај.
Досега во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи е 153.