Mногу е важно да пиеме доволна количина на течности додека трае летото. Водата и природните сокови од овошје и зеленчук ќе го хидратизираат вашето телото. Пробајте го овој рецепт кој освен што ќе ве одржува хидратизирани ќе ви овозможи и сјајна кожа.
Лимонот е овошје кое е богато со витамин Ц а освен него лимонот содржи и доста антиоксиданси кои се заслужни за здрав изглед на кожата.
Дињата е богата со витаминот К, омега 3 и омега 6 масни киселини, фолна киселина, магнезиум, калиум, витамин B6, B3, B1 итн.
Со оглед на сите состојки дињата го зголемува сјајот на вашето лице.
И ѓумбирот исто така може да го зголеми сјајот на вашата кожа и да ги намали воспаленијата од кожни болести како што се акни, егземи и псоријаза.
Тој има антисептички својства што го прави делотворен во убивање на бактериите кои ги предизвикуваат акните.
Може да ви помогне да се ослободите од брчките а освен тоа ја подобрува и циркулацијата.
Ѓумбирот не само што се бори против штетните слободни радикали туку исто така и ја поттикнува нежноста и рамномерноста на бојата на кожата.