Отворање на понудите за вршење дијализа

Од:

Во Министерството за здравство денеска ќе се одржи јавно отворање на понудите доставени од страна на понудувачите по Огласот за доделување лиценца за вршење здравствена дејност – дијализа, со вклучени специјалистичко – консултативни прегледи во мрежата на здравствени установи.

Отворањето на понудите ќе биде јавно и на него можат да присуствуват сите заинтересирани лица.
Со цел подигнување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги од областа на дијализа за населението, а имајќи во предвид дека постојните здравствени установи што даваат здравствена услуга дијализа не го нудат потребното ниво во однос на квалитет, простор, опрема и достапност, Министерството, информираа оттаму, на 27 мај распиша Јавен повик за доделување лиценци за вршење здравствена дејност дијализа во мрежа на здравствени установи во Република Македонија, кој беше објавен во Службен весник, стои во соопштението.

Предмет на лиценца е вршење здравствена дејност дијализа во мрежа на здравствени установи во Македонија, во четири реони и тоа: Реон 1: седум лиценци од кои по една за Североисточен регион со седиште во Крива Паланка и во Куманово, по една лиценца за Источен регион со седиште во Делчево и во Кочани, по една лиценца за Југоисточен регион со седиште во Гевгелија и во Струмица и една лиценца за Источен регион со седиште во Штип; Реон 2: пет лиценци од кои по една за Полошкиот регион со седиште во Тетово и во Гостивар, по една лиценца за Југозападен регион со седиште во Дебар, Струга и Кичево; Реон 3: пет лиценци од кои по една во Пелагониски регион со седиште во Прилеп и во Битола, по една лиценца за Вардарски регион со седиште во Велес и во Кавадарци, и една лиценца за Југозападен регион со седиште во Охрид; Реон 4: eдна лиценца за Скопскиот регион со седиште во Скопје.

Лиценца за вршење здравствена дејност дијализа во мрежа на здравствени установи во Република Македонија, информираат од Министерството, се доделува за период од 20 години од денот на склучување на договорот за лиценца за вршење на здравствена дејност – дијализа во мрежата на здравствени установи.

Секој понудувач може да поднесе понуда за еден, неколку или за сите реони. Секој понудувачот мора да даде вкупна понуда за сите лиценци што се вклучени во секој реон. За секој поединечен реон ќе се спроведе посебно јавно усно наддавање. Единствен критериум за доделување на договорот за лиценца за вршење здравствена дејност-дијализа во мрежата на здравствени установи е највисоко понудената вкупна цена за месечен надомест за сите лиценци за вршење здравствена дејност – дијализа во мрежата на здравствени установи за соодветниот реон.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство