Уапсениот втор човек на Златна зора на пат кон затворот Домокос

Од:

Под силни безбедносни мерки, од Обвинителството во Атина, каде што му беше соопштена затворската казна, вториот човек на неонацистичката Златна зора и поранешниот пратеник од партијата Христос Папас, е на пат кон затворот Домокос во централна Грција, каде што се и неговите сопартијци, јави дописничката на МИА од Атина.

Папас по над осум месеци бегство, доцна синоќа беше уапсен во атинска населба, а во Домокос ќе ја издржува затворската казна од 11 години и девет месеци.

Кон крајот на октомври минатата година кога судот во Атина ги соопштуваше пресудите и казните за членовите на Златна зора, 59-годишниот Папас успеа да им побегне на властите.

Осуден е на 13 години и три месеци затворска казна поради формирање и учество во криминална организација, а со оглед на тоа дека беше уапсен пред почетокот на рочиштето во 2015 година и веќе помина 18 месеци во затвор, казната е за една и пол година помала.

Иако во изминатиот период во грчките медиуми се споменуваше дека Папас ја напуштил Грција и се крие во некоја од балканските земји, сепак беше уапсен во Атина.

Се криел во домот на 52-годишна жена со потекло од Украина, која исто така е уапсена и беше изведена пред јавен обвинител.

Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелон, синоќа рече дека со „апсењето на Христос Папас, конечно се затвора поглавјето на криминалната организација“.

Фото: АНА-МПА

Би можело да ве интересира

Идентификувани уште шестмина за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Катерина Ѓуровски

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски

Во САД реакции за упадот на изложбата на македонски уметник во Солун

Ана Ололовска

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски

Ана Ололовска

СИРИЗА Солун го осуди инцидентот на изложбата на Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите

Горан Наумовски

Скерцос: Никаква толеранција за паравоени нацистички групи, за беззакокине и за заплашување на граѓаните