Филипче: Ќе разговараме за мерка за штитење на границите со тестови

Од:

Комисијата за заразни болести на следниот состанок ќе разговара за опасноста од делта сојот и заштита на границите со евентуално воведување тестови. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сегашните мерки остануваат на сила, но ќе се менуваат доколку има промени.

„Сите сега препорачани мерки во овој следен период, нормално ако приметиме дека има некаква промена ќе интервенираме и таму, меѓутоа засега нема план да се менуваат. Тоа што би разговарале и евентуално би носеле некаква одлука е во однос на штитењето на границите. Во однос на тестовите. Да се процени ризикот и дали е тоа вистинска мерка со која навистина може да се заштитиме“, рече министерот Филипче.

Дали поради ширењето на делта сојот на коронавирусот ќе се воведат некакви рестрикции ќе се разговара на состанокот на комисијата в понеделник. Министерот Филипче извести дека иако дел од челновите биле на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој сој и мислењата на челновите на Комисијата ќе бидат слушнати в понеделник.

Границите на Македонија се отворени за сите граѓани и влезот не е условен со негативен ПЦР тест или доказ за вакцинација. Има мерка само за патниците од Индија, кои одат во задолжителен 14 дневен карантин.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски