Австралија го ограничува бројот на патници кои можат да влезат во земјата

Од:

Австралија денеска најави натамошно драстично намалување на бројот на патници кои ќе можат да влезат во земјата, во момент кога властите се обидуваат да ја сузбијат епидемијата на Ковид-19 со воведување целосен карантин во некои поголеми градови.

Австралискиот премиер Скот Морисон најави дека бројот на патници, кои можат да влезат во Австралија, ќе биде двојно намален.

Бидејќи земјата постави цел да нема случаи на Ковид-19 на нејзина територија, само 6.000 патници неделно ќе можат да пристигнат со комерцијални летови во Австралија, по што им следува задолжителен двонеделен карантин во хотел.

Морисон денеска изјави дека дозволениот број патници ќе се намали на 3.000 до средината на овој месец, а се повеќе жители не го кријат своето незадоволство поради рестриктивните мерки, недостатоците во карантинските системи и забавената кампања за вакцинација. Повеќе од 18 месеци по почетокот на пандемијата на Ковид-19, помалку од осум проценти од возрасната популација примиле две дози на вакцина.

– Ова е тежок период за оние кои се соочуваат со ограничувања, истакна премиерот Морисон.

Околу 10 милиони жители на Сиднеј, Бризбејн и Перт од денеска се наоѓаат во карантин поради повторното појавување на заразата, додека вчера беа регистрирани 27 новоинфицирани од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он