Најмалку 10 цркви во Канада запалени од вандалите заради злосторствата врз деца од автохтоното население

Од:

Најмалку 10 цркви биле мета на вандали во канадската провинција Алберта, а полицијата инцидентите ги поврзува со гневот на граѓаните заради историската неправда врз автохтоното население.

Црквите во градот Калгари се обоени во портокалова и црвена боја, соопштија истражителите.

Премиерот на Алберта, Џејсон Кени кажа дека нападите се „застрашувачки“.

Полицијата во Калгари соопшти дека инцидентите се случиле некаде помеѓу средата вечерта и четвртокот наутро и дека „сите вандализирани локации биле дел од христијанската религија“, пренесува Би-Би-Си.

Нападите се случуваат откако беа пронајдени необележани гробници во близина на поранешните интернати управувани од Римокатоличката црква, во кои биле принудувани настава да посетуваат деца на домородните народи.

Статуите на кралицата Викторија и кралицата Елизабета Втора беа демолирани и во канадската провинција Манитоба.

Канадската автохтона заедница вчера соопшти дека 182 необележани гробници се пронајдени под друг поранешен интернат, трет по ред. Гробовите се пронајдени под училиштето „Мисијата на Св.Евгениј“, што било управувано од Католичката црква од 1912 до раните 1970-ти . Овие остатоци се откриени откако стотици необележани гробници, за кои се верува дека содржат остатоци од автохтони деца, беа пронајдени на местото на два поранешни интернати во Канада, по што многу членови на автохтониот народ Првите нации, повикаа на запирање на прославата на Денот на Канада.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто