Полицијата уапси гостиварец баран со потерница, фатен кај Глумово со херион

Од:

Полицијата приведе гостиварец по кој се трагало за издржување на затворски казни. При претрес на возилото во кое се превезувал, најдено е поголемо количество херион.

– Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера околу 13:00 часот го лишиле П.К. (49) од Гостивар. Пред тоа на наплатната рампа Глумово во правец кон Тетово било запрено возило „Пасат“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од П.К, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, при прегледот биле пронајдени и одземени околу 60 грама хероин. Приведениот П.К. од претходно се барал по наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворски казни за сторени кривични дела. Тој бил приведен и задржан за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он