Раздорот помеѓу основачот на „Движењето пет ѕвезди“, Бепе Грило и поранешниот премиер Џузепе Конте, кој беше поканет да биде политички лидер на Движењето, може да се рефлектира врз претстојните избори за нов претседател на Републиката, информира веснико „Ил Фато котидијано“.
Петгодишниот мандат на актуелниот претседател Серџо Матарела истекува за седум месеци.
Евентуалната поделба во Движењето може, при изборот на нов претседател на Републиката, да ја намали моќта за гласање и влијанието на партиите на левиот центар.
Во меѓувреме, анкетите на јавното мислење покажуваат дека централно-десничарската партија Лига, на Матео Салвини, е втора по бројност на гласачите, по што следи исто талка десничарската „Фратели д’Италија“, на Џорџо Мелони, чие влијание врз гласачкото тело продолжува да расте.
Во моментов, овие две партии можат да сметаат на 40 проценти од италијанското гласачко тело.
Парламентарците, членови на „Движењето пет ѕвезди“, засега се обединети и ги повикуваат Грило и Конте на помирување.
Весникот цитира аналитичари кои предупредуваат дека можната поделба меѓу членовите на Движењето, оние кои го поддржуваат Грило и оние кои го поддржуваат Конте, може да доведе до раскол во Движењето, што може да ја загрози коалициската влада на Марио Драги, чиј мнозински дел е „Движење пет ѕвезди“.
Грило го намали интензитетот на неговите обвинувања, а Конте најавува дека нема да се откаже и дека „оди натаму“ со својот план за реформа на движењето.