На територија на СВР Штип 65 санкционирани возачи на мотоцикли

Од:

Секторот за внатрешни работи Штип вчера спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 65 возачи. Од нив, 43 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола, пет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ