Нето надворешниот долг намален за 95 милиони евра

Од:

На крајот на првиот квартал од 2021 година нето надворешниот долг изнесува 3.297 милиони евра или 28,4 отсто од БДП што е квартално намалување за 95 милиони евра, соопшти денеска Народната банка.

Од аспект на структурата, и натаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг, 61 процент.

Според НБ, бруто надворешниот долг изнесува 9.833 милиони евра или 84,8 отсто од БДП што е квартално зголемување од 1.203 милиони евра, додека бруто надворешните побарувања изнесуваат 6.537 милиони евра или 56,4 отсто од БДП и се зголемување од 1.298 милиони евра.

Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6,985 милиони евра или 60,2 процента од проектираниот БДП за 2021 година и на квартална основа бележи намалување за 35 милиони евра. Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел или 83 проценти се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал.

Би можело да ве интересира

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Народната банка потпиша меморандум со Клубот Алпбах за унапредување на финансиската писменост

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

Народна банка предупредува за измами: Не давајте лични податоци на лица кои лажно се претставуваат

НБ: Основната каматна стапка останува 6,30%, економскиот раст и инфлацијата во рамки на очекуваното

Викторија Глигорова од Народната банка: Банкарскиот систем во нашата земја и натаму е сидро на стабилноста

A1on