Богдановски од ДОМ поднесе оставка, СДСМ со пратеник плус во Собранието

Од:

Пратеникот од ДОМ, Мирослав Богдановски, поднесе оставка. Според листата во Собранието, пратеник сега станува Даниела Николова од СДСМ. Со тоа, владејачката партија ќе има еден пратеник повеќе во Парламентот.

Оставката на Богдановски е констатирана и во Собранието и од страна на ДИК.Тој пред пратениците на денешната седница не го образложи повелкувањето.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери само констатира дека престанува мандатот на Богдановски.

Пратеникот Мирослав Богдановски минатиот месец беше разрешен од потпретседателската функција на ДОМ по што продолжи да делува во рамки на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги