Влада: Изјавата на Закаријаш е целосно спротивна на португалскиот предлог

Од:

Изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик, и по суштина и по методологија е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение, велат од Владата.

Истаккнуваат дека ваквите изјави никако не помагаат во процесот на градење доверба и заедничко разбирање.

– Контекстот и моментот се крајно сензитивни и затоа ги повикуваме претставниците на земјите кои се вклучени во процесот и кои не ги познаваат целосно и добро приликите во Северна Македонија и Бугарија, да се воздржат од какви било квалификации или објаснувања на процеси поврзани со нашите национални прашања, додаваат од Владата.

Во владината реакција се посочува дека македонскиот јазик е едно од клучните идентитетски обележја на македонскиот народ, меѓународно признаен и кодификуван јазик со своите уникатни специфики, потврден со Договорот од Преспа и запишан во личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации.

– Македонскиот јазик е израз на неприкосновеното право на македонскиот народ на самоопределување и дигнитет, се додава во реакција на Владата.

Би можело да ве интересира

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов