Ако не си ДПМНЕ не треба да живееш?

Од:

До каде оди партиската послушност и нечовечност? Лавина реакции и контра-реакции предизвикаа постовите на фејсбук групата групата „И Јас Сум ВМРО-ДПМНЕ“.

Смртта на 41-годишниот Роберто Беличанец ја потресе македонската јавност, но некои приврзаници на оваа страница ликуваа.

Коментари полни омраза со нивниот неистомисленик осамнаа на Фб страната:

„Нека му е тешка земјата“

„Нека се чистат што повеќе вакви изроди на Македонија“

„Умре од мака што Грујо победи на локални, а Бранко отиде во историјата“

„Почело је почело, кој е следен?“, ова е дел од омразата и нечовештината кои згрозија многумина.

nesidpmne-umri

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци напиша:

„Читам некои непрокопсаници, со најпоган јазик, на Фб, истуриле отров на покоен Роберто Беличанец. Напишале јавно како мајка Македонија го казнила. Цела јавност знае како Роберто со години се бореше со ваквите луѓе. Му го уништуваа здравјето. Само затоа што не размислува како нив, не им се поклонува. Тој 7 год. беше мачен со методи на некој модерен Голи оток“.

„Многу ме разочаравте. Не треба да се гледа на партија, треба да се биде човек“

„Колку злоба сте собрале“, пишуваат револтирани граѓани и прашуваат: „Ако не си ДПМНЕ не треба да живееш?“

„Тоа ли е демохристијанскиот карактер на ДПМНЕ? Тоа ли се тие верници? На таков начин ја докажуваат вербата во Христа со плукање по починатите? Греови сте, тешки греови“.

До каде ќе оди оваа омраза и поделба?

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?