Мицкоски на средбите со Мекалистер, Рангел и Шидер: Не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на политичкото собрание на Европската народна партија оствари средба со Дејвид Мекалистер, Претседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент, но и со Пауло Рангел потпретседател на Европската народна партија и европратеник од Португалија, како и неформална средба со Андреaс Шидер, европратеник од австриската социјалистичка партија и претседавач на мешовитиот парламентарен комитет на Европската унија со Македонија.

Претседателот Мицкоски на средбите истакна дека не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ, информира ВМРО-ДПМНЕ.

„Државата не смее да биде повеќе заложник на злоупотребите кои што ги прави актуелната влада на европските перспективи и името на Европската унија во насока на оправдување на сите погрешни одлуки. Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат достоинствен член на ЕУ. Свесни сме дека криминалот и корупцијата и отсуството на суштински реформи од страна на оваа власт создаваат лош впечаток за земјата кај нашите европски партнери, но токму капацитетот на Македонија и потенцијалот кој го имаме како народ се гарант дека можеме преку внатрешни промени во услови на отпочнување на преговорите да ги достигнеме европските вредности и стандарди. Оваа епизода наречена власт на Заев не е вистинската слика за Македонија и затоа на нашите европски пријатели им објаснуваме дека неуспесите ќе се надминат многу скоро и нацијата ќе ги забрза европските реформи и затоа ни е потребна шанса преку отпочнувањето на преговорите тоа да го покажеме“, истакна на средбите Мицкоски кој додаде дека лошата власт во државата не треба да биде непромислива пречка на патот кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ