(ВИДЕО) Стоилковски: ДКСК има чист терен за работа за случајот 25.500 евра за две машини за перење

Од:

„Овој Договор од 18 мај, за градоначалникот од СДСМ на Ѓорче Петров, Александар Наумоски е лажна вест. Овој Договор потпишан од Директорката на градинката Росица Маја Ристовска и директорот од Дон Холдинг за Наумоски е лажна вест. За скандалот со договор за две машини за перење од 25.500 евра, за што е потпишан овој договор, на тендер со само еден понудувач, со цена за 10.000 евра поголема од пазарната и реалната вредност на двете машини, Александар Наумоски вели било лажна вест и го цитирам „лажна вест, во немоќ на информации“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитувани, поголема лажна вест од оваа нема – Наумоски од СДСМ како градоначалник на Ѓорче Петров, вели лажна вест за потпишан договор, вели лажна вест за демант испратен токму од општината Ѓорче Петров! Притоа и за соопштението од општината кое се уште стои на страницата на Општината Ѓорче Петров, тој вели дека е од градинката, што значи, уште една лажна вест од Наумоски и СДСМ.

Почитувани, има низа сомнителни делови во целата постапка, распишан е тендер, а сега велат НЕМА ПАРИ, потпишан е договор, а сега велат НЕМА ПАРИ, има само еден понудувач на тендерската постапка, со нереална цена постапката не е прекината, понудувачот е добро познат на градоначалникот и на директорката на градинката, имаат повеќе договори склучено меѓусебно, само 4 во два месеци април и мај годинава, вредни 185.000 евра. Само за април и мај, Дон Холдинг и човекот со кој е потпишан овој договор заедно со директорката од градинката, имаат тендери во вредност од 185.000 евра. Оваа фирма е исто така од Ѓорче Петров, амал фирма, а според документите, регистрирана за дејност транспорт, на еден човек, Слободан Настовски!

Почитувани, ДКСК постои за да ги заштити граѓаните од корупција на избраните и именуваните функционери, како Александар Наумоски, градоначалникот од Ѓорче Петров, ДКСК постои да го заштити јавниот интерес пред коруптивните злоупотреби на власт, ДКСК постои за да го заштити буџетот и парите на граѓаните од семејни врски и злоупотреби на функционерите, како на пример Александар Наумоски.

Почитувани, постојат низа сомнежи, постојат низа индиции за коишто и ЈО и ДКСК имаат чист терен за работа во Ѓорче Петров. Таа работа треба да даде одговор за тоа има ли спрега меѓу Наумоски како градоначалник, Ристовска директорката на градинката и Настовски како сопственик на транспортнта фирма добитник на низа тендери во овие 4 години додека се СДСМ на власт во Ѓорче Петров. Или пак можеби и други врски како можност за постоење на крвно сродство меѓу нив тројца?

Паничната реакција, признавањето дека е спроведен тендер и потпишан договор, со признанието дека НЕМА ПАРИ, паничната реакција на Наумоски градоначалникот и на Ристовска директорката, негов кадар, е показател дека зад овој случај има огромен коруптивен скандал.

Овој скандал е уште еден доказ дека СДСМ е најлошото за вашата општина, доказ дека Македонија со СДСМ ќе продолжи да тоне на мерењата за корупција, а одговорноста за тоа ја има и ДКСК!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ