Штипско културно лето почна со Павле Аксентијевиќ

Од:

Во уметничката галерија „Безистен“ во Штип синоќа свечено беше отворена најстарата културна манифестација Штипско културно лето.

Павле Аксентијевиќ и групата „Запис“ од соседна Србија имаа концерт на стара црковна и византиска музика. Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев рече дека штипјани уживаа во музиката на познатиот Акентијевиќ, кој е добитник на низа награди.

Познатиот српски пејач, Аксентијевиќ изјави дека му е задоволство што синоќа се претставил пред штипската публика, а досега како што рече пеел во низа сали низ Европа и светот, но според него најдобра акустика има во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Штипско културно лето продолжува во текот на наредниот месец, а секоја вечер штипјани можат да бидат дел од низа содржини од областа на музиката, театарот и ликовната уметност.

Штипско културно лето се одржува по 28-ми пат, а годинава официјално ќе биде затворено на 2 август.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он