Светска банка: Кинескиот економски раст поголем отколку што се очекуваше

Од:

Кинеската економија ќе расте посилна отколку што се очекуваше оваа година, а во 2022 година активностите ќе забават , што означува враќање на долгорочниот тренд пред пандемијата, предвидува Светска банка.

Активностите во азискиот гигант годинава се очекува да пораснат за 8,5 проценти, пресмета Светска банка, зголемувајќи ја сегашната проценка за 0,4 процентни поени.

Кинеската влада е попретпазлива во предвидувањата, истакнувајќи го растот со стапка „над шест проценти“ за оваа година.

Во 2022 година, според проценките на Светска банка, растот ќе забави на 5,4 проценти, што ќе означи враќање на долгорочниот тренд на пандемијата.

Довербата на потрошувачите и на компаниите во последно време постојано се подобрува, што значи дека може да се очекуваат подобри услови на пазарот на труд и раст на домашната побарувачка, се вели во извештајот на СБ објавен денеска.

Кинескиот извоз исто така треба да забележи добри резултати во наредниот период.

Кина беше единствената во групата на големи економии што забележа раст на активностите во пандемијата во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Светската банка прогнозира 11-процентен пад на цените на енергенсите наредната година

Ана Ололовска

Светска банка најави уште 530 милиони долари помош за Украина

Ана Ололовска

Во СБ на ОН, Москва ја блокираше американската резолуција против руската анексија

Ана Ололовска

Светска банка предупредува дека економската криза може да се влоши

Ана Ололовска

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска

ММФ, СБ и други кредитори предупредуваат на „обемни“ економски последици од војната во Украина

Ана Ололовска