Пронајдени хероин и марихуана во Кичево, приведени две лица

Од:

Полицијата при проверка на автомобил „сааб“ со кичевски регистарски ознаки вчера пронашла прашкаста материја, марихуана и пиштол, а потоа при претрес во домот на возачот на автомобилот во Кичево, биле пронајдени околу 1,7 килограми марихуана и околу 160 грама хероин, како и дигитана вага, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 21:45 часот на улица „29 ноември“ во Кичево полициски службеници од СВР Охрид -OВР Кичево запреле возило „сааб“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од Ф. М. (40), а сопатник бил П. Ј. и при преглед кај нив е пронајдена прашкаста материја, марихуана во повеќе полиетиленски пакувања, пиштол марка „Зораки“ и еден куршум, информираат од МВР.

Потоа, по издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на Ф.М. во Кичево и притоа пронајдена е прашкаста материја, марихуана и дигитална вага кои биле ставени во метална канта закопана во дворот на Ф.М..

– При извршениот претрес вкупно се пронајдени околу 1,7 килограми марихуана и околу 160 грама хероин, се вели во соопштението од МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од КЗ.

Би можело да ве интересира

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Американската војска уништи брод на наводни дилери во Тихиот Океан

Најсмртоносна операција против дрога во Бразил: Уште еден полицаец загина

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава