За брзо возење изречени се 348 санкции во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 14.00 часот во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија.
Од МВР денеска информриаа дека од нив, 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
– Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Тетово-70, потоа СВР Охрид-67… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.