Жената која го уби сопругот доби 30 дена притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против жителка на селото Мала Речица, тетовско на возраст од 39 години, за која постои основано сомнение дека го извршила кривичното дело „убиство“ од член 123 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Тетово.

– Осомничената на 27 јуни 2021 година, во домот во кој живеела, околу 11:00 часот, во подрумските простории нго лишила од живот оштетениот нејзин вонбрачен сопруг. По претходна физичка и вербална расправија меѓу нив, осомничената со употреба на тврд предмет – чекан му задала неколку удари во тилниот дел од главата на оштетениот, додека тој спиел на душек поставен на подот во дневната соба во подрумските простории. Од нанесените повреди оштетениот починал на самото место. Осомничената пак, сама се пријавила во полициска станица, велат од тетовското обвинителство.

Обвинителството во Тетово на надлежниот суд му предложи на осомничената да и определи мерка притвор, во насока на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничената и определи притор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес