Во земјава продолжува стабилизирањето на состојбата со Ковид-19. И во текот на претходното деноноќие не беше регистриран ниту еден смртен случај. Од направени 2514 тестирања, беа забележани четири нови случаи на заразени со коронавирусот.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.673. Оздравени се 149.961 пациенти, а починати 5.484. Досега направени се вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19.
Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи е 228.
Најмногу активни има во Скопје и тоа 88, Куманово – 24, Тетово – 22, Прилеп – 18, Охрид – 17, Кичево – 16. Во 15 града нема активен случај на Ковид-19.
Досега во светот се заразиле 181 милиони луѓе, починале 3,9 милиони, оздравеле 166 милиони лица.