Литванија од утре ќе го преземе шестмесечното претседавање со ЕУ, а нејзини официјални претставници изјавија дека главни приоритети ќе им бидат финансиската стабилност и економскиот раст.
Ирска, која претседаваше со ЕУ во претходните шест месеци, утре согласно принципот на ротација ќе и го предаде овој мандат на Литванија, која е млада членка на Унијата.
Претседателката на Литванија Далија Грибаускајте најави за време на минатонеделниот самит во Брисел дека литванското претседавање ќе води сметка за интересите на граѓаните на своите членки, кои по приемот на Хрватска од утре ќе бидат 28.
– Ќе се стремиме кон финансиска стабилност, економски раст и намалување на невработеноста, посебно меѓумладите, истакна Грибаускајте.
Претседавањето со ЕУ од 1 јануари 2014 година ќе го преземе Грција.