Во акциска контрола во областа на сообраќајот на СВР Куманово вчера во периодот од 20 до 02 часот, констатирано е дека 63 возачи управувале возило под дејство на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи.
За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.
Од МВР информираат дека засилените контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбeднос во сообраќајот.