На подрачјето на општините Делчево, Пехчево и Берово почна бербата на вишните.
Набраните вишни се транспортираат и се складираат во коморите на Ладилникот на Комбинатот „Рудине„.
– Задоволни сме од квалитетот и квантитетот на годинашниов род и од субвенциите што ги добиваме од Владата, изјави Љубица Трајановска – Гоцевска.
Откупната цена на вишните зависи од понудата и побарувачката. Бидејќи годинава родот е обилен цената за килограм вишни од прва класа е пониска од минатогодишната и изнесува 28 денари.
Последниве неколку години на ова подрачје ,кое има одлични почвено-климатски услови за развој на овоштарството,се подигнати стотици хектари со нови насади под вишна.