ВМРО-ДПМНЕ: Концептот „Македонија за сите луѓе“ е за крај на криминалот на Вице, Трајче и Зоки

Од:

„Концептот „Македонија за сите луѓе“ е за крај на криминалот на Вице, Трајче и Зоки. 4 години ова фамилијарна тројка ја пустоши Македонија, криминалот, корупцијата и рекетот станаа секојдневие, и никој со нив на власт не е безбеден.

Заеви направија од Македонија земја на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Прв ред се Заеви, луѓето околу нив и тие кои им служат, а граѓани од втор ред се сите чесни граѓани, кои се предмет н шиканирање и рекет од власта“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„За Заеви не важат законите. 2 години нема разрешница за Рекет, а слушнавме како човекот кој ја носеше ташната со изрекетирани милиони – Бојан Јовановски, кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Ниту Зоран, ниту Вице се повикани на распит, а за постапка против нив воопшто не станува збор.

Името на Вице мистериозно исчезна од пријавата за рекет во РЕК Битола, а ЈО и МВР молчат. Со молк се премостува очигледен криминал.

Луѓе на Трајче Заев беа фатени во шверц со дрога, а Трајче Заев, исто како и Зоран и Вице за многу случаи не е ниту повикан на распит.

Концептот „Македонија за сите луѓе“ е крај за криминалот и недопирливоста на Вице, Трајче и Зоки.

Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски