Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери во неделното интервју на Радио Слободна Европа, бара во однос на рамковните вработувања да бидеме малку поотворени, бидејќи вели, не се примаат само Албанци, во континуитет се примаат и Македонци.
„Ако во тој натпревар во континуитет, што е нормално, се примаат и Македонци, ние нема да ја стигнеме целта. Тоа е на некој начин, како ние да трчаме по една пирамида која нема крај, не е возможно да издржи буџетот“, вели Џефери.