Падна „Еразмус“ пред Апелација: Професорите кои се гонат дека барале секс и пари за оценки, ќе се судат одново

Од:

Апелација го врати предметот „Еразмус“ на повторно судење и не ги потврди затворските казни за професорите од Економскиот факултет кои ги изрече Кривичниот суд, дознава „А1он“. Тројцата професори Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и демонстраторот Драган Денковски беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување на преодни оценки. При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително кажа дека е утврдено оти барал и сексуални услуги од  студентки. На сите нив повторно ќе им се суди. Засега нема детали зошто е донесена оваа одлука од стана на второстепениот суд.

Според информациите на „А1он“, Апелација ја потврдила само ослободителната пресуда на професорот Стојан Дебарлиев. За него, Кривичниот суд, не најде дека го сторил кривичното дело за кое го гонеше обвинителството. Дебарлиев се товареше за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од Кривичниот законик. Ваквата одлука на Апелација е донесена откако предметот се судеше четири години, а пресуда се донесе минатата година.

Кривичниот суд во март минатата година, го осуди првообвинетиот Шуклев на казна затвор од две години за примање поткуп. Обвинетиот Драги Јанев, за кој судот кажа дека исто како Шуклев барал сексуални услуги од студентки за да пише преодни оцени, осуден е на две години и шест месеци затвор. Професорот Славе Ристевски е исто така осуден на две години и шест месеци затвор. Условно осуден е демонстраторот на Економскиот факултет, Драган Денковски, кој бил посредник меѓу студентите и професорите. Професорите добија и забрана за вршење дејност во траење од 10 години, а на Денковски во траење од пет години.

Предметот е отворен во јуни 2016 година.

Би можело да ве интересира

Избрани над 36.000 добитници на бесплатни билети за патување преку „Истражи ја ЕУ“

(ВИДЕО) Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и секс за оценки: Втора пресуда за „Еразмус“

Александар Тодески

„Професорите не се службени лица“ – единствената причина зошто падна „Еразмус“

Кристијан Ландов

Судијата Туфегџиќ за одлуката на Апелација за „Еразмус“: Ќе се анализираат причините за укинување на пресудата и напатствијата

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Трајчева: Возраста не ги спречила професорите да бараат секс, за сега да биде олеснителна околност за казните

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Еразмус: Судот пресуди дека професорите барале секс и пари за оценки, добија од две до две ипол години затвор

Кристијан Ландов