Приведени две лица во тетовско, пронајдена дрога

Од:

Полициски службеници привеле двајца мажи, едниот од тетовско, другиот од Скопје, кај кои биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 25.06.2021 во 19.45 часот на наплатна станица во с.Желино, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(43) од с.Мала Речица, тетовско и Е.А.(31) од Скопје. При преглед во возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле двајцата и при нивен личен преглед биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази, соопштува МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он