СВР Штип вчера спроведе акциска контрола во областа на сообраќајот, при што е констатирано дека 15 возачи управувале возило под дејство на алкохол, санкционирани се 24 прекршоци што ги чинат пешаците, а констатирани се и 34 друг вид прекршоци, соопшти МВР.
За сите прекршоци изречени се соодветни санкции. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.