Сиднеј влегува во двонеделна блокада, бидејќи властите се обидуваат да се справат со многу заразната, Делта варијанта на коронавирусот, во најголемиот австралиски град.
Повеќе од еден милион луѓе во центарот на Сиднеј и предградијата веќе се заклучени поради епидемијата, но здравствените власти одлучија да продолжат и прошират откако беа пријавени нови случаи на заразени со Ковид-19.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, објасни дека мерките мора да опфатат други делови од градот, како и областите околу Сиднеј, каде што живеат повеќе од пет милиони луѓе, бидејќи синоќа се пријавени нови 29 нови локални инфекции.
Премиерката најави дека во текот на денов ќе одржи итен состанок на владата со здравствените власти.