СДСМ: Вложуваме во човечки капитал, медицинските лица кои инвестирале во своето образование по 2015 добиваат повисоки плати од септември

Од:

„Владата предводена од СДСМ, надлежното министерство остануваат целосно посветени на вложување во човечкиот капитал во здравството.

Од септември, на медицинските сестри и техничарите ќе им биде платена инвестицијата во високото образование, кои од 2015 година не се во можност да го валоризираат преку својата плата.

На овој начин ја исправаме неправдата кон овие медицински лица. Поточно, во 2015 направен е пресек, и била донесена одлука да се платат само специјализациите од високите школи на оние кои завршиле дотогаш, односно се стекнале со образование од 180, односно 240 кредити“, велат СДСМ.

„Сите други медицински сестри и техничари кои инвестирале во своето образование од 2015 па наваму, немаа можност да си го валоризираат преку својата плата.

Од овој септември и овие медицински лица ќе добијат зголемување на платите, соодветно на нивното образование.

Како одговорна партија постојано вложуваме во јавното здравство. Инвестираме во плати и надоместоци, во обнова на објекти и нивно опремување, се со единствена цел дополнително да го зголемиме степенот на мотивираност на здравствените работници кои се грижат за здравјето на сите граѓани.

Продолжуваме со реализација на мерки и проекти кои значат подобрување на условите за работа на здравствените работници и унапредување на квалитетот на јавното здравство во нашата држава“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“