Благоја Милевски ќе ја предводи најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Ова е одлука на Управниот одбор на ФФМ донесена на денешната седница.
Милевски кој досега го предводеше националниот состав до 21 година од 1. август официјално ќе застане на функцијата која досега ја вршеше Игор Ангеловски.
Ангеловски шест години беше селектор на „црвено-жолтите“ со кои успеа да направи историски успех и се пласираше на Европското првенство каде се соочивме со Австрија, Украина и Холандија, средби кои ги загубивме во Букурешт и Амстердам.
милевски беше селектор на младата фудбалска репрезентација која во 2017 обезбеди учество на Европско првнество.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одлучи Драган Канатларовски-Цапар да биде нов селектор на надежите до 21 година.