Фатиме Фетаи повредена во сообраќајка, се судрила со тетовец во Чаир

Од:

Обвинителката Фатиме Фетаи е повредена откако ноќеска на полноќ имала сообраќајна несреќа во скопски Чаир. Од медицински тим и биле констатирани лесни повреди. Возачот кој го управувал другото возило, немал никакви повреди и не бил пренесен во болница.

„На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Нема информација како дошло до сообраќајната несреќа. Познато е само дека освен повредите на Фетаи, причинета е и материјална штета.

Фетаи била пуштена од болница, веднаш по прегледите каде и се констатирани повреди.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он