Баросо: Хрватска ќе биде успешна приказна

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо нагласи дека пристапувањето на Хрватска во ЕУ е историски момент, кој ја враќа државата на нејзиното вистинско место, во срцето на Европа.

– Се радувам за хрватскиот придонес, која ќе биде успешна приказна во корист на Унијата, граѓаните на Хрватска и југоисточна Европа, изјави тој.

Баросо додаде дека пристапувањето на Хрватска е и знак за нејзините први соседи.

– Тоа покажува дека европската перспективна е вистинска за оние држави кои се определија за ЕУ, односно јасен знак за регионот. ЕУ ќе ги исполни своите ветувања, доколку се спроведат реформите и се исполнат условите, наведе тој.

Претседателот на ЕК истакна дека борбата против корупција е важна, не само за кандидатите, туку и за сите држави членки.

– Важно е државите да покажат дека никој не е над законот и дека правата функционираат во интерес на нивните граѓани, порача Баросо.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска