Повреден е возач, со „Ауди“ паднал во канал за наводнување во велешко

Од:

Патничко возило „ауди“ со кочански регистарски таблички, денеска околу 12,30 минути кај Стари Град кај мостот на Бабуна од засега непознати причини излетало од патот и паднало во канал за наводнување. Во несреќата возачот се здобил со полесни телесни повреди, а во возилото имало уште двајца патници, информираат од СВР Велес.

Д-р Василка Пановска Поп Стефанова, началник на Итната медицинска помош во Велес, тие за сообраќајката биле известени во 12 часот и 30 минути и се упатиле на местото на настанот, но повредениот бил преземен од друго приватно возило кај село Бусилци, каде на возачот веднаш му била укажана помош.

Пациентот е маж на 64 години од Кочани, кој бил стабилен, згрижен на лице место и транспортиран во Ургентниот центар при велешката Општа болница.

Д-р Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, соопшти дека денеска околу 13 и 30 минути од страна на Итна медицинска помош на одделот за Хирургија донесено е лице на 64-годишна возраст од Кочани, повредено во сообраќајна несреќа. Пациентот се здобил со повреди на главата и градниот кош, и тој е задржан на опсервација.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи