Сите пријавени граѓани кои сè уште не добиле термин, ќе се вакцинираат во следните дваесетина дена

Од:

Голем број граѓани реагираат дека се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација. Од Министерството за здравство за „А1он“ велат дека сите тие, почнувајќи од следната недела, во рок од 20-на дена ќе бидат вакцинирани со онаа вакцина што е достапна.

Околу 64.000 граѓани на возраст од 40-59 години се пријавени на веб-страницата за вакцинација, а сѐ уште немаат термин кога да се појават на еден од пунктовите. Над 40.000 граѓани на возраст од 60-99 години исто така чекаат вакцина.

„МојТермин не отвора термини за тип на вакцина, секој граѓани добива информација пред вакцинацијата со која вакцина ќе се вакцинира“, велат од Министерството за здравство.

Очекувањата се дека откако ќе заврши вакцинацијата на овие граѓани во следниот еден месец, вакцинирањето ќе се одвива без термини, односно секој граѓанин ќе може да оди до најблискиот пункт за вакцинација и да ја прими вакцината што е достапна.

Според податоците што ги побара „А1он“ од Министерството за здравство, досега во земјава се вакцинирани најмногу луѓе на возраст од 60-69 години (75.604 граѓани), а потоа следува старосната група од 25-49 години (66.953 граѓани), вакцинирани се 48.632 граѓани од 50-59 години и 2.852 лица над 18-24 години.

Во земјава во моментов се аплицираат вакцините на „Синовак“, „Фајзер“ и „АстраЗенека“ (која кај нас се аплицира кај лица над 60 години), а тече и ревакцинацијата со кинеската „Синофарм“.

„В петок во земјата преку КОВАКС системот ќе стигнат околу 100.000 вакцини од прозиводителот Фајзер, дополнително секој понеделник околу 11.000 илјади вакцини стигнуваат од овој прозиводител во нашата земја, обезбедени од директни преговори и преку програмата Тим Европа. Викендов ја очекуваме испораката и на вакцините од кинескиот производител Синовак“, велат од Министерството за здравство .

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски