ВИДЕО: Русите отворија предупредувачки оган кон британски разурнувач во Црното Море

Од:

Руската Црноморска флота, заедно со Пограничната служба на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), соопшти дека денеска во водите на Црното Море испукала предупредувачки истрели во обид да спречат британски брод-разурнувач да ја наруши руската државна граница.

Претходно, британскиот разурнувач добил предупредување дека ќе биде употребено оружје врз него доколку ги наруши границите на Руската Федерација, меѓутоа, воениот брод не одговорил на предупредувањето, наведе руското Министерство за одбрана.

„Разурнувачот УРО ’Бранител’ на британската морнарица ја мина државната граница на Руската Федерација на 23 јуни во 11:52 часот, движејќи се по северозападниот дел на Црното Море и влезе во територијалното море во областа на Кејп Фиолент“, се наведува во соопштението на руското МО.

Министерството дополнува дека потоа граничен брод на руската флота испука два предупредувачки истрела, во 12.06 и 12.08, по што, во 12.19 часот, авион Су-24М извршил предупредувачко бомбардирање во правецот на движење на британскиот разурнувач, пренесуваат руските медиуми

Британскиот разурнувач во 12.23 часот ги напуштил руските територијални води, заклучува руското МО.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот