Возачот на „Мерцедес“ Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на шампионот во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија на патеката „Силверстоун“.
Друштво на Хамилтон во првиот ред на утрешната главна трка ќе му прави клупскиот колега Нико Розберг.
Од вториот ред ќе стартуваат пилотите на „Ред Бул“ Себастијан Фетел и Марк Вебер.
Следните четири возачи од петтото до осмото место се: Пол Ди Реста (Форс Индија), Даниел Рикардо (Торо Росо), Адријан Сутил (Форс Индија) и Ромен Грожан (Лотус).
Почетокот на трката за Гран При Велика Британија е утре од 14 часот.