Во Скопје вчера казнети 241 возач

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на Град Скопје се изречени вкупно 241 санкција, меѓу кои 18 за возење со брзина поголема од дозволената, 14 за управување возило под дејство на алкохол и 26 за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се и 20 санкции за прекршоци што ги извршиле возачите на мотоцикли, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 санкции за некористење сигурносен појас, 23 за користење мобилен телефон при управување возило, една за минување на црвено светло и 50 санкции за непрописно паркирање.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ