ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема датум затоа што во ЕУ не сакаат да си имаат работа со криминалците од ДУИ и СДСМ

Од:

„Македонија нема датум затоа што во ЕУ не сакаат да си имаат работа со криминалците од ДУИ и СДСМ. Македонија е на 111 место на листата на Транспаренси. Заев ја бетонира државата на врвот на криминалот и корумпираноста“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ЕУ не се оди со рекет и криминал. Во ЕУ не сакаат премиер на држава кој е аболициран за криминал, и чиј пти брат се спомнува како лице кое барало рекет од фирми кои вршат работи добиени на тендер.

Во ЕУ не се оди со нерасчистени случаи за криминал како случајот со Ден Дончев, кој сите го видовме како трпа туце пари во торба, ниту пак за Заев, кои беа посочени дека кај нив завршиле парите од аферата Рекет, и тоа лично од човекот кој ја носеше торбата полна милиони.

Во ЕУ не поминува “зелената агенда” која ги труе граѓаните на градовите каде токму тие зелени се власт. Кичево, Тетово, Струга и други тонат во смет. А тендерите врват.

Заев не може да ја однесе Македонија во ЕУ, Заев е политичар потонат во криминал и корупција.

Заев мора да си оди, за Македоника да тргне напред. Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ