(ВИДЕО) Ѓорчев: Итните постапки се три пати поскапи, власта ги пљачка граѓаните со личните документи

Од:

„Владата на СДСМ и Зоран Заев му приредија на народот фијаско и дебакл на народот и граѓаните со недостатокот на лични карти, возачки дозволи, регистрации за возилата како и за пасоши.

Станува збор за очајна мерка за полнење на буџетот, затоа што буџетот е празен, затоа што граѓаните се опљачкани и се зголемуваат давачките“, кажа Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Неколку примери, цената за редовна процедура за издавање пасош е 1,600 денари. Владата СДСМ и Зоран Заев ги принудуваат граѓаните на итна процедура која што чини три пати повеќе односно 4,800 денари, иста е работата и со возачките дозволи, редовната процедура која што сега не е достапна е 280 денари, итната процедура е 840 денари, три пати повеќе се земаат пари од граѓаните.

Значи ова фијаско коешто го приредува власта нема само последица за стресови на граѓаните, да не може да си ги завршат работите, да не може нормално да се движат, да патуваат, туку има за последица и нивно масовно пљачкање и осиромашување.

Уште еднаш ова е фијаско, катастрофа и дебакл на власта.

Власта не е во можност да ги сервисира основните потреби на граѓаните, а тоа е издавање на пасоши, лични карти, возачки дозволи, регистарски таблички за возилата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги скуси овие процедури, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде одговорна и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе им приреди ефикасни процедури за издавање на личните документи на граѓаните на Македонија“, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС