Џон Кери ја продолжи посетата на Блискиот Исток

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери ја откажа планираната посета на Обединетите Арапски Емирати и ја продолжува посетата на Блискиот Исток. За денеска е предвидена уште една рунда преговори со палестинските и израелските претставници.

– Кери денеска ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Аман, Јордан, а потоа повторно ќе се врати во Израел на состанок, што претходно не беше планиран, истакна неименуван претсатвник на Стејт департментот.

Кери нема изјавено дали има напредок, но непланираните состаноци доведуваат до заклучок оти тој оценува дека треба да се продолжат разговорите меѓу Палестиците и Израелците.

Американскиот државен секретар во четвртокот го почна петтиот обид за обнова на директните преговори меѓу Израел и Палестинците, кои се во прекин од крајот на септември 2010 година.

Кери во четвртокот има средба со изралскиот преиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, а следниот ден во Аман се сретна со Абас, а потоа повторно се врати на средба со Нетанјаху.

Кери имаше средба и со израелскиот претседател Шимон Перес.

Би можело да ве интересира

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците