„Последната лента на Крап“ на 26 јуни ќе учествува на 22. Интернационален фестивал на монодрама во Битола

Од:

Македонскиот народен театар со монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, на 26 јуни 2021 година ќе земе учество на 22. Интернационален фестивал на монодрама во Битола.

Монодрамата е во продукција на Ѓорѓи Јолевски во копродукција со Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје.

Ова е претстава за изолацијата и стареењето, за кревкоста на сеќавањето, за нашиот комплексен однос со технологијата, за свет во кој времето неповратно минува и бројните ограничувања со кои нѐ соочува животот. Претстава за еден осамен човек, изолиран од светот, кој на неговиот 69-ти роденден ги преслушува старите магнетофонски ленти.

Отворањето на фестивалот е на 22 јуни во Народниот театар во Битола.

Фестивалската програма ќе трае од 22 до 27 јуни и ќе учествуваат десет монодрами во официјална конкуренција, сите продуцирани во нашата држава, а изведбата на „Последната лента на Крап“ ќе се одржи во Центарот за култура, Битола на 26 јуни со почеток во 22:00.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија