Амфилохије: Косово останува буре со барут

Од:

Митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора, Амфилохије оцени дека сегашната состојба на Косово е наследство на она што се случувало на Косово во 1389 година.

Тој во интервју за подгорички „Атлас“ рече дека „муратовата тиранија“ на Косово во 14 век е иста со сегашната на НАТО.

На прашањето што е за него вистинското решение за Косово, доколку тоа не е договорот од Брисел, митрополитот одговори дека Косово е „вертикала во секоја смисла за овој народ.

Според зборовите на Амфилохије нормално и здраво решение за Косово е тоа да им припаѓа на сите.

Тој рече дека договорот кој што во април го потпишаа премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи никому нема да му донесе добро, туку како што оцени тој Косово останува буре со барут, како што беше и по Косовската битка во 1389 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина