СДСМ: Секојдневно сме на терен меѓу граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е изолирана, во темните подруми на лажните вести и деструкции

Од:

„Секојдневно се потврдува разликата помеѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

Додека СДСМ секојдневно е на терен меѓу граѓаните, на маалки и урбани средби, на граѓански трибини, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана, во темните подруми на лажните вести и деструкциите.

СДСМ заедно со граѓаните ја гради новата програма, ја создава најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина“, соопштува СДСМ.

„Го слушаме гласот на граѓаните, ги следиме нивните потреби и барања и истите ги претвораме во конкретни решенија од програмата за следните избори.

Во исто време, ВМРО-ДПМНЕ е осамена во режимската матрица и се што прави е обиди за блокади, пласирање лажни вести и деструкција на секое можно поле.

СДСМ во континуитет покажува дека за нас зборот е збор, ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува дека се единствени на браникот на криминалот.

Затоа сите релеватни анкети покажуваат дека СДСМ е фаворит на следните избори, затоа што граѓаните знаат дека само СДСМ може да го донесе најдоброто за нивната општина, најдоброто за државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда