ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните по вина на Заев и Филипче направија трошоци за пат до вакцинални пунктови во соседните земји затоа владата да им ги рефундира потрошените средства

Од:

„Неспособноста на Филипче и Заев резултира со тоа околу 20 илјади граѓани викендов да се ревакцинираат, а некои и вакцинираат против корона главно во Србија, некои и во Бугарија.

Во меѓувреме, во Македонија три дена вакциналните пунктови беа под клуч. Се разбира дека ќе се под клуч кога има само вакцини за оние кои треба да се ревакцинираат, но нема за лица кои сакаат, ама и треба да се вакцинираат.

А зошто Филипче би мислел дали граѓаните се вакцинирани, кога ќе стекнат имунитет, што во пресрет на евентуалниот четврти бран, па тој си има работа. Филипче си ангажира ПИ-ар, си плаќа од парите на народот за да му кажат како да се изрекламира, дека треба во личната промоција да вклучи и некое дете. Срамота!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е тука исклучиво за граѓаните, затоа предлагаме Владата да ги компензира трошоците на македонските граѓани кои одат на вакцинација надвор од Македонија.

Сите граѓани на Македонија кои плаќаат даноци тука, плаќаат здравствено осигурување тука, а имаат дополнителни трошоци за пат до вакциналните пунктови во соседните земји, трошоците да им ги рефундира Владата.

Тоа се трошоци настанати по вина на Филипче и Заев, затоа и треба да си ги платат.

Доста Филипче и Заев мислат само на својата екипа и ги делат граѓаните, граѓани од прв ред и граѓани од втор ред.

Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски