ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски обезбедија пасоши за мафијашите, ама не и за останатите граѓани

Од:

„Надлежните во државата известија дека пасоши нема, ги известуваме другите држави дека македонските државјани ќе патуваат со истечен рок на пасош. Замислете државата им вели на своите граѓани патувајте со пасоши со истечен рок на пасоши, а ние ќе ги известиме државите. Каков срам за Заев, за Спасовски!

Ама тие очигледно ниту се срамат, уште помалку им е гајле какви се би можеле да бидат последиците за граѓаните кои би стигнале на граница на друга држава со пасош со истечен рок“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Ама не само што нема пасоши, нема регистарски таблички, нема ни возачки дозволи.

Арно, ама Заев и Спасовски имаа многу работа, тие мислеа дали ќе имаат пасоши за наркодилерите, за криминалците, за мафијашите, за лицата кои ги бара Интерпол. За нив ова се граѓани од прв ред, тие „мораа“ да се погрижат за нив за да можат слободно да патуваат?! Каков срам за Македонија? Какви лица ја водат Владата?

За нив не се важни ни децата, за нив заборавија дека треба да им да се дадат свидетелства!

И така додека Заев не ги нареди по свое тендерите ќе си игра со граѓаните.

Едно е јасно, за лицата од прв ред, за привилегираните пасоши најдоа, ама не и за останатите граѓани кои редовно плаќаат давачки во оваа држава, кои патем истиот тој Заев само ги зголемува.

Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски